Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека службите, по пријави од граѓани, постапиле на „Зимзоленд“.
„Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. Констатирани се повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект. Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи“, вели тој.
Градот Скопје и јас, додаде, ќе продолжиме бескомпромисно да се бориме против секоја неправилност, секој обид за узурпација и секој хаос кој го загрозува јавниот простор.