(ВИДЕО) Дополнителните железни столбови на границата со Грција не помогнаа, помогна солзавецот

од desk3
167 прегледи

Тензија владее кај Идомени откако бегалците во знак на протест ја срушија оградата од македонска страна. Очајни од чекањето со денови, бегалците кон оградата и полицијата почнаа да фрлаат со камења. Полициските сили од македонската страна одговорија со солзавец, со цел да се обидат да ја разбијат толпата и да ја смират ситуацијата.

granica-makedonija-grcija

Инцидентите почнаа откако меѓу бегалците од грчка страна се рашири информација дека границата ќе биде отворена за сите, иако се работеше за момент на отворање на оградата за да бидат првично пропуштени 50 бегалци. Огромен број луѓе почнаа да трчаат по шините кон македонската ограда во надеж дека ќе успеат да преминат.

Не се знае дали погрешната информација била тактика на група бегалци да се собере поголемо јадро за да се изврши притисок врз полицијата да ги пропушти да поминат.

Мигрантите ја пробиле оградата кај Гевгелија, полицијата со солзавец се обидува да ги врати

Македонската полиција при напливот на бегалци се обиде да ја засили оградата со дополнителни железни столбови. Првиот одговор на дополнителното засилување на оградата беа врисоци и повици да се отвори портата и да им се дозволи патувањето, а потоа група бегалци почнаа да ја каменуваат полицијата.

Во знак на револт бегалците влечеа дел од оградата и успеаја да срушат дел од неа. Полицијата на немирите одговори со шок бомби и солзавец со цел да се разбие толпата и да се стопираат дополнителни инциденти.
За потсетување во бегалскиот камп на Идомени има над 7.000 бегалци кои со денови чекаат да бидат пропуштени и да го продолжат патот кон другите европски држави.

МЕТА