Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ е во центарот на таблоидите откако заврши нејзината врска со пејачот Петар Грашо, кој неодамна се ожени за Хана Хуљиќ со која доби ќерка. Но сега, Данијела си најде ново момче.
Пејачката веќе некое време е во врска со криминалистичкиот инспектор Јосип Плавиќ.
Како што вели Данијела, со Плавиќ се запознала кога нејзиниот адвокат поднел пријава за кражба на идентитет преку Интернет пред околу една година. Полицијата го решила случајот брзо, а пејачката и инспекторот го продолжиле контактот од кој на крајот се родила љубов.
„Сè започна со еден непланиран телефонски повик, што очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека ги споделуваме истите вредности, погледи во животот и светот наоколу, па дури и некои соништа“, навела Данијела за „Глорија“.
„Кога најнеобичните околности ќе спојат двајца апсолутни странци, кои дотогаш не знаеле ништо еден за друг, тогаш, секако, ви паѓа на памет дека тоа би можело да биде филмско сценарио. Поминуваме низ многу убави моменти за кои секако ќе се огласам во иднина бидејќи сакам оваа приказна да остане забележана“, истакнала пејачката.