По расправија со сопругата, пешачел 400 километри за да ја „расчисти главата“

од Nikola Popovski

Италијанската полиција пресретна маж, кој пешачел 400 километри за да си ја расчисти главата по расправијата со сопругата.

Мажот бил запрен од полицијата рано во понеделникот во близина на Фано во централна Италија.

Тој бил уморен и премрзнат, изјави полицаецот Антонио Скванци.

На полицијата и рекол дека се скарал со својата сопруга и дека го напуштил заедничкиот дом во северната провинција Комо на 22 ноември. Прво се качил на воз за Милано, а потоа започнал да оди. Неговата цел била Апулија на југот на земјата.

Фано, каде што беше запрен, се наоѓа на 379 километри од главната железничка станица во Милано. Според „Гугл мапс“, ова е патување за кое би биле потребни 79 часа пешачење без запирање.

Полицијата го одвела мажот во хотел и ја повикала неговата сопруга, која дошла да го „земе“.

Скванци ги демантираше извештаите во медиумите, според кои полицијата му напишала казна затоа што тој го нарушил националниот полициски час од 22 до 5 часот наутро.

Слични содржини