По разголените фотографии, Џеј Ло објави нова песна

од Vladimir Zorba

Откако најави издавање на нова песна со разголени фотографии, латино дивата Џенифер Лопез официјално го претстави синглот „In the Morning“.

Иако обожавателите очекуваа видео, Џеј Ло се одлучи за текстуално видео што содржи само неколку разголени фотографии што ги објави претходно.

Интересно е и тоа што во пресрет на претставувањето на новиот сингл, Џеј Ло на социјалните мрежи објави кратко видео во кое заедно со своите деца и вереникот Алекс Родригез ги одбројува последните секунди пред премиерата.

Подолу можете да ја преслушате песната:

Слични содржини