Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска имал телефонски разговор со својот украински колега Володимир Зеленски за ситуацијата во Украина, откако вчерашниот телефонски разговор на Трамп со рускиот претседател Путин не влеал никаква надеж дека Русија може да ги сопре воените дејствија, јавуваат светските агенции.
Разговорот го потврди Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, оценувајќи го како „многу важен и суштински“. Тој најави дека деталите ќе бидат објавени наскоро.
Според „Аксиос“, телефонскиот разговор траел околу 40 минути.
Својот разговор со Путин, Трамп вчера го оцени како разочарувачки, а само неколку часа по тој разговор, Русија ја изведе најголемата офанзива со дронови врз Киев од почетокот на војната, при што загина едно лице, а 23 беа повредени.