По разорниот земјотрес во Турција, регистрирани се 648 последователни потреси

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

По разорниот земјотрес во понеделникот, во Турција регистрирани се 648 последователни потреси, соопшти денеска Управата за вонредни ситуации.

Во спасувачките операции се ангажирани повеќе од 79.000 луѓе, а во погодените области се испратени 5.402 тешки возила, главно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, приколки и грејдери, јавува „Анадолија“.

Воспоставен е воздушен мост за транспорт на персонал и материјали од Истанбул, Анкара и Измир до регионот погоден од земјотресот.

Слични содржини