140
По разорниот земјотрес во понеделникот, во Турција регистрирани се 648 последователни потреси, соопшти денеска Управата за вонредни ситуации.
Во спасувачките операции се ангажирани повеќе од 79.000 луѓе, а во погодените области се испратени 5.402 тешки возила, главно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, приколки и грејдери, јавува „Анадолија“.
Воспоставен е воздушен мост за транспорт на персонал и материјали од Истанбул, Анкара и Измир до регионот погоден од земјотресот.