По Ременски и Боки 13 побара изземање на Русковска, обвинувајќи ја за тортура

од Берта Китинска
315 прегледи

Денеска беше одложено Судењето за „Меѓународен сојуз“ откако на барањето на Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Русковска се приклучи и Бојан Јовановски.

Боки 13 побарал изземање, велејќи дека Рускоска извршила тортура врз него со нејзиното однесување, а спомена дека била и во случајот „Рекет“ каде што била селективна со второбвинетиот Зоран Милевски – Кичеец.

„Единствена работа што ми е важна во моето работење е тоа дали е сторено кривично дело и дали јас имам доволно докази за да поднесам обвинение. Досега сум се водела од тие принципи и сигурно до крајот на кариерата ќе се водам по нив“, изјави обвинителката Вилма Рускоска, по денешното рочиште за предметот „Меѓународен сојуз“ на кое одбраната побара нејзино изземање.

Слични содржини