Во групниот дом во Демир Капија 11-годишниот Илче од Охрид постојано бил под надзор од матичен лекар и има постојана здравствена заштита по излегувањето од болница, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
-Денот кога Илче почина негователката која се грижела кога видела дека наеднаш починал, повикала матичен лекар кој пак се јавил во полиција. Вклучен е и јавен обвинител и институциите постапуваат согласно закон. Беше индицирана обдукција, тоа е завршено и кога ќе ги имаме резултатите ќе знаеме која е вистинската причина за смртта, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на мал групен дом во Скопје, изјави Шахпаска.