По (само)УБИСТВОТО на Крпач денеска нови детали

од Vladimir Zorba
645 прегледи

Во текот на денешниот  ден се чека одговор од МВР и Јавното обвинителство кои се деталите за жртвата Коста Крпач, дали е убиство или самоубиство, чија  жртва е , особено која е врската бидејќи лицето е помилувано од претседателот, а против него имало истрага водена од обвинителите на СЈО .teloto_kapistec

Во меѓувреме Безживотното тело на 40-годишниот Коста Крпач, кој беше пронајден мртов во неговиотиот стан во Капиштец, е предадено на обдукција. Завршен е и увидот на обвинилството и полицијата. Првичните полициски претпоставки се дека станува збор за самоубиство, иако полицијата засега не потврдува со сигурност дека Крпач пукал во себе и соопштија дека се истражуваат сите опции.Првин тој пукал од прозорец кон комбе кое било паркирано на паркингот пред зградата неколку дена , а потоа по доаѓање на полицијата е најден дома прострелан во  градите.

1-777x437 Се плетат повеќе приказни за него , од тоа дека бил под постојан притисок на обвинителите на СЈО и бил повикуван на информативни разговори,  до тоа дека   на негова фирма легнувале парите од Израелците за аферата за митото со набвките на опремата за прислушување на МВР, па затоа  и бил на листата на помилуваните за криминал од Иванов

За самиот настан ден од соседите вели дека слушнал неколку истрели околу 13.30 часот, а потоа во влезот пристигнала полиција.

Се пукало од страна на Крпач во оваа комбе кое бело паркирано со денови, карши на паркингот2 (2)

Соседите не виделе ниту пак слушнал друго сомнително однесување. Не се знае дали тој бил набљудуван можеби од тоа комбе.Кога стигнале полицајците тие не влегле внатре бидејќи вратата била заклучена. Полицајците прво ја повикале сопругата, на загинатиот која била вработена во МВР во ДБК,  а потоа откако и таа не можела да отклучи, вратата насилно била отворена. Крпач бил најден со прострелна рана во градниот кош.

-До појавувањето на името на Крпач на списокот на помилувани од Иванов не ни знаевме дека против него имаше било каква истрага, ни кажа соседот кој кратко прокоментира дека додека на обичните луѓе им се случуваат трагедии- крупните риби остануваат нечепнати.kosta krpac 1

Прв е на листата од тројца помилувани, зад него се Владислав Стајковиќ и Христијан Панев. Од Специјалното обвинителство не објавија ниту по аболицијата ниту денеска по самоубиството каква предистражна постапка се води за Крпач.

Но трите имиња на овој список на Иванов се поврзуваат со бомбата број 15, односно со набавката и митото за израелската опрема за прислушување.

Крпач е директор на фирмата Финзи на која легнувале пари за зделката со израелската опрема, а која исто така се води како сопственик на агенцијата Нетпрес.

Неговата сопруга работела во ДБК која исто е поврзана со аферата со изрелците.

Тој е академски сликар и  се води како директор на компанијата „Финзи ДООЕЛ“ која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“.

Коста Крпач последен пат беше актуелен кога Иванов ја објави масовната аболиција. Неговото име се најде во Службениот весник, одлука број 2097.

Во текот на денешниот  ден се чека одговор од Јавното обвинителство  и МВР кои се деталите за жртвата Коста Крпач дали е убиство или самоубиство, чија  жртва е , особено која е врската бидејќи лицето е помилувано од претседателот, а против него имало истрага водена од обвинителите на СЈО .

Слични содржини