Семејството на Северина Којиќ е тажно поради расплетот на судската битка за старателство над нејзиниот син Александар. Откако судијката од судот во Загреб, Теа Голуб, донесе пресуда по која синот на пејачката и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ понатаму ќе живее со таткото и тој самостојно ќе се грижи за неговото здравје и образование, пејачката не излезе со никаква изјава.
Синоќа, нешто по 20 часот, синот го предаде на Минал Поповиќ, а утре ќе може повторно да го види.
Поддршка на Северина, јавно и пружи нејзиниот свекор, Драган Којиќ Кеба.
„Криминал е и преседан по седум години да и се одземе дете на мајка. И таа „војна“ најмногу му штети на детето, бидејќи детето кога доволно ќе порасно лесно ќе одлучи на кого ќе му посвети време. Тоа ќе го реши малиот Александар кој предвреме ќе стане Голем Александар. Го видов тоа и ја почувствував неговата мудрост во неговите искрени детски очи. Ќе даде Бог, Ќе биде се во ред“, напишал Кеба споделувајќи видео во кое говори колку ја поддржува Северина како мајка.
https://www.instagram.com/p/B5cefkFp1Aq/?utm_source=ig_embed
Денеска и Северина за прв пат јавно го објави својот став за тоа како се чувствува откако и е одземен синот.
На социјалната мрежа инстаграм таа напиша:
„Знаеш сине,
тоа се само некои хартии кои некој ги напишал и постојат некои букви кои некој ги напишал, кое не вредат за нас двајцата.
Не одзедоа еден од друг физички, но тоа е се што можат.
По седум ипол години, сега ми дадоа да те гледам 88 часа месечно. Еј, па тоа е сепак 88 часа. Можеа и помалку, се можат и се ќе направат да не повредат.
Но знаеш што се можеме јас и ти за 88 часа? Можеме чуда. Ми дадоа два пати месечно да преспиеш со мене и да те заспијам …“
https://www.instagram.com/p/B5czHZbBnlj/?utm_source=ig_embed