286
Утринава во Маврово во 7:44 повторно беше почувствуван земјотрес.
Истиот беше со јачина од 3,6 степени по Рихтер.
Инаку во Маврово и претходно во текот на ноќта беа почувствувани неколку послаби земјотреси.
Според европската сеизмолошка станица, епицентарот на сите земјотреси биле во Маврово, и тоа на длабочина од еден до два километри.