Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс сепак се сретна со папата Франциск во неделата наутро на краток приватен состанок. Средбата следеше по самитот со претставници на Ватикан во саботата, но не и со самиот папа што ги натера некои да размислуваат дека американскиот потпретседател бил „одбиен“ од поглаварот на Католичката црква.
Венс го поминал велигденскиот викенд во Рим со своето семејство, присуствувајќи на богослужбите на Велики петок во базиликата Свети Петар по средбата со италијанскиот премиер Џорџо Мелони, објави „Асошиејтед прес“.
Во саботата, Венс се состана со државниот секретар кардиналот Пјетро Паролин и министерот за надворешни работи, архиепископот Пол Галагер во Апостолската палата.
Според кабинетот на потпретседателот, Венс и Паролин „дискутирале за нивната заедничка религиозна вера, католицизмот во САД, маките на прогонетите христијански заедници ширум светот и посветеноста на претседателот Трамп за враќање на мирот во светот“.
На средбата не присуствуваше папата Франциско, а неговите појавувања се намалени поради сериозните здравствени проблеми. Папата беше хоспитализиран претходно оваа година поради пневмонија. Венс е крстен во Католичката црква во 2019 година.