310
Општинските служби на Аеродорм во координација и соработка со ЈП ,,Паркови и зеленило”, утрово интензивно работат на отстранување на паднатите дрвја, гранки и други објекти кои го попречуваат слободното движење на граѓаните и воедно претставуваат опасност, информираат од Општината.
Како резултат на силното невреме, во текот на претходната ноќ беше забележано оштетување на повеќе здрави и зелени дрвја низ општината, а причинета е и материјална штета на неколку возила и други објекти.