По синоќешниот дебакл на Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ смета дека Трендафилов е единствениот синдикалец во светот кој се спротивставува на зголемувањето на платите за работниците

од Љубиша Владимиров
465 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ, преку Центарот за комуникации, упати остри критики кон претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, нарекувајќи го „единствениот синдикалец во светот“ кој, според нив, не ги поддржал зголемувањата на платите во образованието и здравството.

Од партијата тврдат дека Трендафилов е „на политичко дугме“ на опозициските партии СДСМ, ДУИ и Левица и дека не застанал во одбрана на работниците, дури и кога Светската банка и ММФ препорачувале внимателност во зголемувањето на платите.

„Слободан Трендафилов е единствениот синдикалец во светот кој, кога се покачуваа платите во образованието и здравството, не излезе да го поздрави тоа. Тој е единствениот синдикалец кој е на политичко дугме на криминалци од опозицијата – СДСМ, ДУИ и Левица,“ стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Трендафилов нема вистинско чувство за потребите на работниците, бидејќи со плата од над 1.000 евра не може да ги разбере предизвиците на просечно семејство кое преживува со 500 евра месечно.

„Тој е единствениот синдикалец кој, кога се зголемуваа платите на работниците, а ММФ и Светската банка препорачуваа на Владата дека тоа е лош и нерентабилен процес, не застана во одбрана на работниците. „Наместо прв меѓу работниците, Трендафилов е прв меѓу олигархијата. Тој е продолжена рака на СДСМ, ДУИ и Левица. Трендафилов нема чувство за потребите на работниците. Со плата од над 1.000 евра, тој не може да сфати како едно просечно семејство преживува со плата од 500 евра. Наместо синдикалец, тој е портпарол на опозицијата и политичка маша,“ стои во соопштението.се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по вчерашната дебата меѓу пратеникот на партијата, Бране Петрушевски, и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. За време на дебатата, Петрушевски во повеќе наврати го нападна Трендафилов, обвинувајќи го за нелегитимен избор на функцијата, висока плата и соработка со опозицијата. Сепак, тој не даде конкретен одговор дали Владата ќе го прифати барањето на ССМ.

Трендафилов, пак, ги отфрли обвинувањата и ја бранеше својата позиција, нагласувајќи дека ССМ организирал протести и за време на владата на СДСМ. Тој потсети дека тогаш пратеници од сегашната власт ја поддржувале синдикалната борба, а го потсети Петрушевски дека во 2021 година предложил минималната плата да изнесува 1.000 евра.

Претседателот на ССМ истакна дека не се откажува од барањето за зголемување на минималната плата на 500 евра и подаде рака за преговори со сите засегнати страни, со апел да не се гледа низ призма на политика. Ако не се постигне договор, синдикатот не ја исклучува можноста за нови протести.

https://lokalno.mk/trendafilov-kon-petrushevski-da-me-obvinuvate-deka-kako-pretsedatel-na-ssm-7-godini-ne-sum-prezel-nishto-za-rabotnicite-e-smeshno-bidejkji-samo-18-meseci-sum-pretsedatel/

Слични содржини