Холивудскиот актер Арми Хамер (34) неодамна се најде во центарот на скандалот кога во јавноста протекоа пораки со одвратна содржина што наводно им ги испраќал на одредени жени. Откако тие пораки стигнаа до јавноста, и почнаа масовно да се шират на Интернет, актерот не кажа ниту збор.
Тој се откажа од снимањето на филмот Shotgun Wedding, во кој требаше да игра партнер на Џенифер Лопез, а се зборува дека продуцентите веќе нашле замена за актерот.
Имено, Хамер треба да биде заменет во споменатиот филм со поранешниот модел Џош Духамел, поранешниот сопруг на пејачката Ферги.
Да потсетиме, пораките што стигнаа до јавноста, наводно биле испратени од Арми во периодот од 2016 до 2020 година. Во нив тој наводно им пишувал на разни жени дека сака да им ја пие крвта и да јаде делови од нивните тела.