297
Дилер на дрога од Гостивар вчера вечерта е проведен по судска наредба за издржување затворска казна.
Како што соопшти МВР, полициски службеници од Одделението за потраги Гостивар врз основа на судска наредба го привеле Ќ.А.(60) од Гостивар за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.