По свадбата на деценијата следува луксузен меден месец

383 прегледи

Минатиот викенд беше обележан со свадбата на Богдана и Вељко Ражњатовиќ, за која се уште се зборува, а сега се појавија информации за медениот месец, како и за плановите на младите за заедничкиот живот.

– Во почетокот ќе живеат во вилата на Цеца. Богдана и Вељко сакаат да купат поголем стан на некоја добра локација во Белград. Бидејќи планираат голема фамилија, сакаат да имаат свој кров над главата – наведува избор на „Информер“.

Истиот извор навел дека младенците планираат меден месец, но се уште не знаат дали ќе отидат на истиот поради бременоста на Богдана. Споменатиот извор наведува дека убавата невеста сакала да го посети Дубаи, кој засега им е прв на листата за патување од соништата.

За потсетување, на венчавката на Богдана и Вељко имало 500 гости, а семејството Ражњатовиќ отиде прво во Тител, за да ја „купат“ невестата, а потоа во Храмот Свети Сава, каде било одржано црковното венчавање. Во вечерните часови следуваше градското венчавање како и свадбената веселба.

Слични содржини