Песков за ФТ тврди дека не знае за планови за размена на Навални за офицер на ФСБ

од Radmila Tasevska

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за „Фајненшл тајмс“ изјави дека не знае за какви било договори меѓу Берлин и Москва за наводни планови за размена на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за рускиот државјанин Вадим Красиков, кој е осуден во Германија.

„Не сум запознаен со такви договори“, рече Песков.

Претходно денеска, Марија Певчик, соработничка на Навални, рече дека рускиот опозициски политичар бил блиску до ослободување, преку размена на затвореници.

Певчик тврди дека разговорите за размена на Навални и двајца неименувани американски државјани за Вадим Красиков, од руската безбедносна служба ФСБ кој е во затвор во Германија, биле во завршна фаза во моментот на неговата смрт.

Навални почина во затвор во петокот на 16 февруари, а Федералната казнено-поправна служба за Јамало-ненецкиот округ соопшти дека се чувствувал лошо по утринската прошетка и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран.

Навални служеше 30-годишна затворска казна, меѓу другото, за, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, за основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзини активности, а беше познат и како остар критичар на Кремљ.

Слични содржини