Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска ја посети Велешката општа болница, каде изјави дека модуларните болници во земјата, кои беа искористени за време на пандемијата, ќе бидат пренаменети во амбуланти и други објекти за потребите на различни министерства.
Таравари истакна дека по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, кој резултираше со загуба на животи, не смеат повторно да се користат како болници.
„Апсолутно не смееме да размислуваме за користење на тие временски објекти како болници“, рече тој.
В.д. директорот на Велешката општа болница, Александар Бузалков, информираше дека во моментов не размислуваат за пренамена на модуларната болница во Велес, но дека се грижат за нејзината исправност и ќе и се најде нова намена во иднина.