По Трент, Мартин Субименди нова цел на Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд можеби не е единственото големо засилување со кое Реал Мадрид ќе се пофали ова лето. Раководството на клубот е решено да го ангажира Мартин Субименди од Реал Сосиедад, пишува El Partidazo de COPE.

Субименди минатото лето го привлече интересот на Ливерпул, но играчот одби да се пресели на „Енфилд“.

Тогаш во трката се вклучи и Арсенал.

26-годишниот играч, сепак, може да остане во Шпанија, но само да смени клуб. Според медиумите, неговиот агент веќе ги очекува понудите кои ќе дојдат пред летниот преоден рок.

Реал Мадрид е подготвен да ја активира ослободителната клаузула на Субименди, која е поставена на 50 милиони фунти.

Слични содржини