По три дена гладување, машиновозачите протестираат пред Владата и Собранието

од desk3
92 прегледи

На третиот ден од штрајкот со глад , машиновозачите излегоа на улица. Најпрво тие притестираа пред Владата, каде беа примени од владини претставници, а потоа се упатија кон Собранието. Велат дека ќе останат истрајни и дека не се откажуваат од своите барања за редовна исплата на платите и додатоците за пензиско и здравствено осигурување.

118650
Синдикалците се пожалија и дека досега не биле повикани во Министерството за транстпорт, иако од таму излегле со план за исплата на платите на вработените во железници.

Според првиот синдикалец Душко Чакаровски , токму поради тоа што платата ја добивале на неколку дела во текот на месецот ја бојкоторале работата околу 15 дена.