ПО ТРИ ДЕНА: Таиво Авонији се разбуди од кома

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Фудбалерот на Нотингем Форест, Таиво Авонији, се разбуди од индуцирана кома по операцијата поради сериозна повреда на стомакот, објави Би-Би-Си утрово.

Авонији беше префрлен во болница пред три дена, откако се повреди на 11 мај на крајот од натпреварот од 36-тото коло од Премиер лигата против Лестер (2:2).

Нигерискиот фудбалер се повреди во 88-та минута од натпреварот против Лестер, откако се удри во стативата по дуелот со противничкиот играч Ентони Еланга. Британските медиуми објавија дека нигерискиот фудбалер претрпел руптура на цревата.

Првата фаза од операцијата беше извршена во понеделник, додека фудбалерот на Нотингем Форест го помина вторникот во индуцирана кома за да можат лекарите да го следат неговото закрепнување.

Би-Би-Си објави дека вториот дел од операцијата, вклучувајќи го и затворањето на раната, бил извршен во среда, а Авонији потоа бил разбуден од кома навечер.

Клубските челници најавија внатрешна истрага за начинот на кој е решена повредата на играчот на Нотингем Форест.

Слични содржини