По налог на Општина Охрид, службите на ЈП „Градски гробишта“ поставија нова плоча со натпис на споменикот „Солза на Роза“.
Ова спомен обележје продолжува да биде симбол на сочувството и почитта за 15-те бугарски туристи кои трагично загинаа во несреќата на бродот „Илинден“, на 5-ти септември 2009 година, соопшти градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.
Скварнавењето на споменикот претходно го осудија охридскиот градоначалник и македонското МНР, а веста за сквернавењето претходно се најде и во бугарските медиуми.