По вчерашните во Гевгелиско, денеска земјотреси во Дебарско

од desk3
146 прегледи

Три посилни и уште најмалку два помали потреси утрово ги вознемирија жителите од дебарскиот регион. Првиот земјотрес беше почувствуван во три минути до четири часот, вториот во 4:14, а третиот во пет минути до седум часот.

28022015111203_zemjotres_1_201527114024

Според албанските медиуми, епицентарот на еден од земјотресите (со јачина од 3,2 рихтерови степени) бил осум километри од рударското албанско гратче Булќиза кое се наоѓа на десеттна километри од Дебар, додека на другиот со јачина од 3,8 степени бил 52 километра југоисточно од Тирана.

Вчера беа почуствувани земјотреси во гевгелиско, а нивниот епицентар беше во Егејска Македонија