Од најавата дека заврши со Манчестер, преку гласините дека Зинедин Зидан ќе го донесе во Реал, односно дека ќе се врати во Јувентус, дојдовме до нов договор за Пол Погба (28) во Јунајтед.
Како што пренесува денешниот број на „Сан“, а пренесуваат и другите островски медиуми, англискиот гигант составува понуда за искусниот играч за врска за време на Европското првенство, која тој нема да може да ја одбие. Наводно, според новиот договор, Погба би станал најплатениот играч во историјата на Премиер лигата со заработка од 400.000 фунти неделно, или 465.000 евра.
Французинот во моментов заработува колку и Рахим Стерлинг (349.000 евра) и е пред Кевин де Бруин (447.000) и Давид Де Хеа (436.000). Новиот договор ќе го постави Погба на самиот врв на листата на најплатени играчи во светот.
Месечно: 1.860.000.
Годишно: 22.320.000.
Само Меси, Роналдо, Нејмар, Гризман, Бејл, Еден Азар и Мбапе би останале пред играчот од средниот ред.
И имајќи предвид дека Манчестер планира да му понуди петгодишна соработка, вкупната плата за дадениот период би изнесувала 111.600.000 евра.
Погба не се огласи за ова прашање …
„Имам уште една година договор, сите го знаат тоа. Досега немаше предлози за продолжување на соработката со Јунајтед. Но, јас сум сè уште тука. По завршувањето на сезоната, веднаш заминав на одмор, па затоа не сум се видел ниту со менаџерот или луѓето од клубот. Во моментов, јас сум фокусиран само на Европското првенство“, потенцираше Французинот пред неколку дена.
Да потсетиме, Мино Рајола пред само шест месеци рече дека нема теорија Погба да остане на „Олд Трафорд“.
„Можам да потврдам дека Погба заврши со Манчестер. Тој е незадоволен таму, не е во можност да се изрази како што се очекуваше од него. Потребен му е нов тим, промена на воздухот“.
Чекаме Рајола повторно да се јави …