По вулканската ерупција, силен земјотрес на истокот на Русија

од Stefanija Kuzmanovska
130 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала се случи во близина на брегот на Камчатка, на Далечниот исток на Русија, соопшти канцеларијата на Камчатка на Геофизичката служба на Руската академија на науките.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 57 километри од Петропавловск-Камчатски.

Територијалниот оддел на руското министерство за вонредни состојби соопшти дека земјотресот е регистриран во 13 часот и 39 минути, на длабочина од 89 километри. Земјотресот беше проследен со потреси со јачина од четири до пет степени според Рихтеровата скала, кои беа почувствувани во Петропавловск-Камчатски.

Одделението на службата Камчатка посочува дека станува збор за дополнителни потреси по земјотресот што се случи во понеделникот на 3 април, пренесе ТАСС.

„Нема причина за загриженост, тоа е природен процес. Земјотресите во зоната на земјотресот може да се случат во рок од две до три недели“, се додава во соопштението.

За потсетување, вулканот Шивелуч на рускиот полуостров Камчатка денеска еруптираше исфрлајќи пепел 20 километри во воздухот.

Слични содржини