По загубениот меч, се огласи Мек Грегор: Дастин е ѓаволско добар противник и едвај чекам да се бориме повторно

од Stefanija Kuzmanovska

Конор Мек Грегор ја загуби борбата со Дастин Поириер, а го заврши мечот со повреда на десната нога, па арената во Абу Даби каде се одржа мечот ја напушти на штаки.

Неколку часа по борбата тој се огласи од една од луксузните јахти, а на фотографијата се глда дека има проблем со десната нога.

„Ви благодарам на сите за поддршката. Ова не беше моја вечер / утро, но имам простор за напредок. Возбуден сум поради оваа триблогија на блокбастер, а сè подалку е во мои раце. Дастин е ѓаволско добар противник и едвај чекам да се бориме повторно. Се враќам дома за да си ги опоравам ногата и духот“, рече Мек Грегор.

Слични содржини