По заканата за авион од Техеран, обновен воздушниот сообраќај на аеродромот во Хамбург

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Хамбург е обновен, изјави портпаролот на аеродромот, по денешната полициска операција спроведена како одговор на заканата за авион од Техеран, поради што беа прекинати летовите од тој аеродром.

Портпаролот на федералната полиција претходно изјави дека полицајците, дејствувајќи врз основа на закана испратена по е-пошта, го пребарале авионот со 198 патници од Техеран, кој слетал во северниот германски град, објави „Ројтерс“.

Германските воздухопловни сили на платформата Икс (Твитер) соопштија дека го следеле авионот откако влегол во германскиот воздушен простор источно од Берлин поради закана за бомба.

Полицијата ги испрашувала патниците, што е стандардна процедура кога заканата се смета за сериозна, изјави полицискиот портпарол.

Полетувањата или слетувањата не беа можни, бидејќи противпожарната бригада на аеродромот беше вклучена во потрагата, додаде портпаролот.

Прекинот на летовите на аеродромот во Хамбург се случи за време на првиот ден од специјалниот состанок на германската и француската влада во тој град, на кој присуствуваа германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон.

Слични содржини