По земјотресите, во Битола ќе заседава општинскиот кризен штаб

од Берта Китинска
243 прегледи

Серија земјотреси го погодија подрачјето околу македонско-грчката граница синоќа, од кои најсилниот беше 5,5 степени според Рихтер. Земјотресот ги вознемири битолчани, а голем дел од нив ноќта ја поминаа пред своите домови. Земјотресот се почувствува низ западниот дел од Македонија се’ до Скопје.

Битолскиот градоначалник Тони Коњановски, за денеска закажа состанок на општинскиот кризен штаб, на кој ќе стане збор за состојбата во Битола по вчерашните серија земјотреси.

„На седницата на Советот ќе биде предложена дополнителна точка за формирање на комисија за надомест на штетите од земјотресот“, напиша Коњановски на „Фејсбук“.

Дел од медиумите јавуваат дека земјотресот срушил една постара куќа во Генимаале во Битола.

Слични содржини