ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во МПЦ, дополнително ќе се одлучува како ќе се поделат епархиите

од Nikola Popovski
193 прегледи

Православната охридска архиепископија (ПОА) на Јован Вранишковски ќе добие епархии од Македонската православна црква (МПЦ). Ова денеска го истакна владиката Тимотеј, митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

-Денес Светиот архирејски синод на МПЦ во полн состав донесе одлука за процесот на интеграција на ПОА во МПЦ. Донесени се неколку одлуки, но не можеме да ги споделиме детали со јавноста затоа што треба да ги усогласиме со Српската православна црква (СПЦ). Потоа ќе бидете дополнително информирани, рече Тимотеј пред медиумите.

Тој појасни дека се работи околу поделбата на епархиите.

-Комплетната интеграција би се случила за време на соборот на Српската црква, тој почнува мислам дека на 14-ти и 15-ти мај. Ние одамна усогласивме да нема недоразбирања со СПЦ, додаде владиката Тимотеј.

Слични содржини