ПОА на Вранишковски повторно се обедини со МПЦ

од Nikola Popovski
677 прегледи

Православната Охридска Архиепископија (ПОА) вчера се обедини со Македонската православна црква – Охридска архиепископија на света архиерејска литургија во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Светата архиерејска литургија беше служена по повод годишнината од предавањето на Томосот на Соборот на СПЦ (СПЦ) од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со што СПЦ одобри ѝ даде благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

Со литургијата служеа поглаварите на МПЦ – ОА г. Стефан и на Српската православна црква Порфириј, во придружба на повеќе владици од двете цркви. Митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј во куса изјава за медиумите рече дека за прашањето за приклучување на ПОА кон МПЦ-ОА, седница на Синодот треба да има на 20 овој месец.

„Ќе има седница на Синодот и официјално ќе го соопштиме. Одлука има, но не е потврдена. Службата го потврдува приемот, но тоа мора и официјално да биде потврдено на седница на Светиот архиерејски синод што ќе се одржи на 20 овој месец“, изјави Тимотеј.

Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА го одликуваше српскиот патријарх со Орден „Свети Кимент Охридски од прв ред „за укажаната љубов кон нашата црква“ Изразувајќи благодарност за наградата, поглаварот на СПЦ, Порфириј рече е радосен што денеска е во Охрид, во прекрасната црква „Св. Софија“, истакнувајќи дека во овој храм пред 100 години исто така служел српски патријарх.

„И јас се радувам поради поводот, а тоа е што веќе една година го прославуваме вистинскиот Духовден овде во Охрид и Белград, што значи дека го прославивме роденденот на Христовата црква и секако по повод дарувањето на Томосот за вашата автокефална црква во Македонија. Се што имаме, што мислиме, што има вредност е од Бога, значи и дар е да се гледаме како сестрински цркви, тоа е дар од Бога. Иако Бог секогаш дава, неопходно е и ние да дозволиме да ја разбереме неговата волја и да му служиме на неговата волја да се изврши“, рече Порфириј.

Основачот на ПОА, Јован Вранишковски беше расчинет од МПЦ во 2002 година, а веднаш потоа беше формирана  ПОА, која не беше призната во Македонија. Вранишковски беше осуден за ширење верска омраза и за проневера на пари од Поврдарската еперхија каде беше митрополит. Одлежа 5 години затвор, а сега се враќа во МПЦ како епископ и ќе му биде отстапен дел од Преспанско пелагониската епархија.

Слични содржини