Побаран притвор за настаник кој извршил обљуба врз своја ученичка

533 прегледи

ОЈО од Прилеп во доменот на своите надлежности, поднесе барање за спроведување на истражна постапка за лице на 54-годишна возраст поради сомнение дека сторил кривично дело – обљуба со злоупотреба на положбата.

Според информациите, лицето на 17. декември ја злоупотребил својата положба како професор во училиште во Крушево извршил полови дејствија врз негова ученичка на возраст од 15 години, која му била доверена заради учење. Кривичното дело осомничениот го сторил напаѓајќи го детето во училница, притоа оштетеното дете го оттурнало од себе и излегло од училницата.

Во барањето се бара за осомниченот 30-дневен притвор.

Слични содржини