Иднината е во заедништвото тоа го диктираат и европските стандарди и бројките. Владеачкото мнозинство сепак од вчера се мобилизира на иста страна, опозицијата останува сама.
Денеска Завршува конкурсот на СДСМ за претседателски кандидат на државата. Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев веќе обидувасо лидерот на ДУИ Али Ахемти да најдат заеднички консензуален кандидат за иднината на државата и единство помеѓу граѓаните.Тие седнаа на иста маса. Тоа е контекстот на за едно општество за сите, личност која ќе ги претставува сите граѓани на Македонија
– Станува збор за вредна шанса, што можеби ќе успее, а можеби не. Ова не е лесно, но драго ми е што има квалитетни кандидати. Договоривме да ги споделиме анализите и анкетите, што ќе бидат од голема помош во изнаоѓањето кандидат зад кој стојат и Македонците и Албанците и помалкубројните етнички заедници во државата, изјави Заев по средбата и изрази верување дека при крајот на неделата ако има шанси за заеднички кандидати имињата ќе излезат на површина.
Алмакос: Груби навива за Димитров и со Зечевиќ ќе бараат консензуален кандидат
Али Ахмети, пак, откако не успеа да го обедини албанскиот политички блок, изјави дека одлуките што ќе се носат треба да бидат во корист на државата, мнозинството граѓани и на партиите.
Се очекува дека до крајот на неделата ќе имаат оформено став за заеднички настап, а на почетокот на другата недела треба веќе да се определуваат имињата.
И Ахмети и Заев отфрлија дека ќе се кандидираат за претседателските избори.
Конкурсот на СДСМ за пријавување на кандидати за претседател на државата завршува денеска, а кој ќе ја претставува владејчката партија во претседателската трка ќе се знае на конгресот закажан за 3 март. Единствен кој досега има поднесено кандидатура за претседател од СДСМ е поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов. Другите кандидати кои настапуваат во јавноста се Никола Димитров, Радмила Шеќеринска , Оливер Спасовски и Стево Пендаровски.
Анализите велат дека е тешко да се победи на избори ако се немаат албанските гласачи . Опозицискат ВМРО ДПМНЕ го има тој хендикеп, и затоа за очекување е дека тие по трчањето на првиот круг ќе бојкотираат. Колаицијата на СДСМ со ДУИ го гарантира победникот, ако се договорат заедно да трчаат. Кој што во таа трка ќе добие и наплати ќе се види набргу , но бројките секако се на страната на албанскиот фактор. А колку тоа ќе се (зло)употреби останува да се види деновиве.
Шестите претседателски избори беа распишани од претседателот на Собранието, Талат Џафери на 8 февруари. Првиот изборен круг е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.