Во Турција има една стара поговорка, според која секој поразен борач на душекот, секогаш сака нова битка. Таа најдобро ја илустрира тешката положба во Турција во последните години од владеењето на Реџеп Ердоган, пишува во коментар на „Гардијан“.

Тој без сомнение е многу ефикасен и итар политичар кој првично предложи програма и политика, кои беа прифатени како од конзервативците, така и од умерените средини во турското општество. Тоа важеше и за различните верски групи во земјата, вклучувајќи ги етничките Турци и различните малцинства, претежно Курдите. Како резултат на тоа неговата Партија на правдата и развојот (АКП)ја управува Турција во последните 13 години.
Ердоган сепак никогаш не бил убеден демократ кој ги почитува уставните принципи. Неговиот однос кон секоја загуба отсекогаш била да заобиколи одредена пречка со помош на други средства. Тој се надеваше дека за време на редовните парламентарни избори во јуни ќе го добие потребното мнозинство за да го промени уставот и да го замени церемонијалниот статус на претседателот, кој сега го има, во еден силен дел од извршната власт, анализира весникот.
Наместо тоа сепак гласачите се повлекоа од АКП и таа не го доби дури ни обичното мнозинство на кое дотогаш се радуваше во парламентот. На овој начин избирачите го отфрлија неговиот план тој да стане највлијателен човек во земјата. Реџеп Ердоган сепак не сака да го слуша зборот “не” и затоа ја поведе својата уморна земја повторно на гласање минатата недела, по што си го врати потребното мнозинство.
Гласачите си се гласачи и политиката не е најчиста професија во ниедна земја, но проблемот е како Ердоган сепак успеа да ја постигне својата победа. Непосреден одговор е дека тој ги поткопа напорите за составување на коалициска влада, што можеше да и даде на земјата едно стабилна влада по гласањето во јуни. Наместо тоа претседателот стори сé за да добие втора шанса. Тоа е и неговиот белег.
На ист начин, за време на своето управување Ердоган ги отстрани еден по друг сите независни центри на власт. Тој го отстрани огромното влијание на армијата во политиката, што беше потребен потег, но методите за тоа останаа сомнителни. Потоа се скара со долгогодишен таен сојузник во лицето на движењето “Голент” и го намали неговото влијание во медиумите и образованието. Во исто време го политизираше енормното судството и силите на редот, кои постојано се критикувниа од САД во годишниот извештај за човековите права. Притисокот врз медиумите постојано расте како на одделни новинари, така и со манипулација на печатот со помош на активностите на владата кон големите холдинзи кои ги поседуваат различни медиуми. Во некои случаи компании беа откупени од блиски до владејачките кругови.
Работите се влошија драматично во текот на последната изборна кампања, се вели во извештајот на Институтот за меѓународен прес. Тоа ја засегна и самата партија на претседателот Ердоган поради консолидацијата на толку многу моќ. Независно од критиката кон АКП од страна на поранешниот шеф на државата, Абдула Ѓул, во целина отсуствуваа критични изјави на нејзина адреса и дебати кои се случуваат во една здрава демократска организација.
Еден поранешен член на партијата неодамна напиша дека процесот да се заменуваат умерени политичари во неа со конзервативни верски фигури започна уште пред години. “Оние кои поставуваат прашања,кои предлагаа конструктивна критика или беа поврзани со умерените средини, едноставно беа исфрлени од партијата”, се пожали тој.
Најлошиот развој, што се случи во последно време, беше продолжувањето на војната со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК). Кревкиот мировен процес беше нарушен, веројатно и поради ривалството меѓу ПКК и прокурдската Народна партија (НДП), која котираше многу добро со гласови на изборите во јуни. Сето ова доведе до нови крвави судири меѓу турската армија и курдските милитанти.
Но ако Реџеп Ердоган не е архитектот на овој неуспех, тогаш тој со сигурност освои најмногу од него, откако постојано опишуваше како земјата е растргната од различни терористички групи, при што ја обвини НДП за врски со ПКК. Низа ужасни бомбашки напади, како и воздухопловната кампања во Сирија исто така ја засилија неговата порака дека насилството е насекаде и Турција има потреба од силна рака, за да помине низ овие тешки времиња. На овој начин претседателот Ердоган си го врати потребното мнозинство во парламентот, но тоа сериозно удри по Турција.
Столбовите на нејзините независни институции се сериозно поткопани, а уставните правила се запоставени. Односите меѓу Турците и Курдите се влошија и земјата повторно води војна, која се мислеше дека е завршена.
Како шеф на државата однесувањето на Реџеп Ердоган од самиот почеток не беше на политичка фигура, која има претежно церемонијална функција и кој стои над политичките процеси, при што го почитува уставот. Тоа сигурно ќе продолжи неуморно да ги спроведува своите цели и ако не ги оствари, ќе се одржи сеедно дали го сторил тоа. За жал овие избори тешко дека ќе и помогнат на Турција да ја најде многу потребната нејзина стабилност./ Коментар на „Гардијан“