Победата на ВМРО-ДПМНЕ мора да биде историски најголема, побара Мицкоски од Кавадарци

од Nikola Popovski
383 прегледи

Суштински разлики кои што значат квалитетен живот, достоинствено образование, чесен здравствен систем, и добро платени земјоделци. Тоа се неколку суштински разлики кои што нас треба да не мотивираат сите заедно да излеземе масовно и да гласаме, обединети. Да не важи онаа кажаната и без мене ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Да ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, но таа победа мора да биде голема. Таа победа мора да биде историска со историски резултат, за да ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вистински ја реформираат Македонија и вистински да ја направат достоинствена европска земја, каде што сите ние ќе се гордееме, побара вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на партиска трибина во Кавадарци.

Според него, потребна е оставка на Владата, народот да излезе масовно на избори и да одбере иднина.

Мицкоски е уверен дека уставните измени нема да поминат во парламентот.

-Не е коректно што уставните измени патуваат кон Собранието, с токмени напишани, по бугарски терк, а премиерот бара лидерска средба. Тоа значи дека не е искрена ниту неговата желба да се состанеме и да направиме вистински договор за иднината на оваа наша Македонија. Треба да дискутираме за нешто што веќе е напишано. Тие уставни измени лошо ќе завршат затоа што нема да добијат поддршка, истакнува меѓу другото лидерот на опозицијата.