Актуелно
Почетна / Магазин / Победете ја мигрената со лек од три природни состојки

Победете ја мигрената со лек од три природни состојки

Мигрената е неподнослива главоболка, која може да предизвика чувствителност на светлина, на мирис, на вкус, но и мачнини и вртоглавица.

За да се смират овие симптоми најчесто се потребни силни лекови против болка, а дури и самите доктори советуваат дека е подобро ваквите болки да не ги трпите, туку да си го олесните закрепнувањето. Но, народната медицина нуди и еден алтернативен лек, со состојки кои веќе ги имаме дома.

Се работи за сол и лимонов сок. Важно е да се изберат квалитетни состојки, кои ќе ја алкализираат средината во телото и ќе го стимулираат нервниот систем да работи со правилен ритам, а го враќаaт и балансот на електролити.

Рецептот е едноставен, во сок од 2 лимона се додаваат две лажички сол, се меша со 200 мл вода на собна температура и се пие наеднаш.

Секако, овој лек само ги олеснува симптомите, а во зависност од интензитетот, се зема лекот кој лицето вообичаено го пие при мигрена. Вкусот иако е лош, олеснувањето ќе го почувствувате за многу пократко време отколку кога пиете само лек.

loading...