ПОБЕДЕТЕ ЈА НЕСОНИЦАТА за една минута со помош на овој метод

од Stefanija Kuzmanovska
384 прегледи

„Под стрес и ненаспан“ е реченицата што најдобро ги опишува повеќето од нас. Многу луѓе страдаат од несоница затоа што чувствуваат најголема количина на стрес непосредно пред спиењето. Ова се совети за тоа како брзо и лесно да заспиете.

Додека спиеме, нашиот мозок филтрира информации, а ако страдаме од несоница во главата може да имаме вистински хаос. Недостатокот на сон го ослабува имунитетот, па затоа сме подложни на многу болести. Повеќе сме склони кон гоење, кожата изгледа полошо и старееме побрзо.

Сепак, и покрај сè што знаеме, често се случува, колку и да сме уморни, да не можеме да заспиеме.

Едноставен трик смислен од д-р Ендру Вил ќе ви помогне во тоа. За само една минута ќе заспиете благодарение на промената во дишењето што ја забавува работата на срцето и делува смирувачки на мозокот и целото тело.

Лекарите тврдат дека покрај должината на сонот која е неопходна за полнење на батериите, важен е и квалитетот, но и да се следат три правила: спијте околу осум часа секој ден, одете во кревет во одредено време и избегнувајте тешки оброци пред спиење.

Еве ги правилата на методот 4-7-8

• Вдишете полека низ носот четири секунди.

• Задржете го здивот седум секунди.

• Издишете полека осум секунди.

Повторете ја постапката додека не заспиете, а оние што се обиделе тврдат дека е доволно да го сторите тоа само неколку пати.

Слични содржини