Победивме ! Синоќа пред владата Заев повика на единство и на работа

од Vladimir Zorba
75 прегледи

    Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ  во првиот круг од локалните избори победи на прва во 40 општини, а води убедливо во Скопје, објави синоќа лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, по првичното пребројување, прогласувајќи ја  победата и комплетниот крах на  Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Оцени дека изборите биле исклучително фер, демократски и регуларни и оти на нив, како што рече, победиле сите со слободно изразената волја. Со тоа, истакна, се даде поддршка на едно општество за сите и за раст и развој.

Од резултатите за 469 гласачки места од вкупно 685, кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата предвидена од СДСМ има  75.626 гласа, а противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ 53.812.

– Ако трендот продолжи вака ќе имаме победа уште во првиот круг,  рече  на полноќ Заев, на прославата пред Владата.

Во Скопје, како што рече, победиле и во општините Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Шуто Оризаи, а тесна разлика има во Кисела Вода, Бутел и Гази Баба, каде што кандидатите на СДСМ се фаворити за вториот круг.

– Победивме во Зелениково, Арачиново, Куманово, Ранковце, Крива Паланка, Кратово, Кочани, Пехчево, Делчево, Берово, Конче, Радовиш, василево, Босилево, Ново Село, Струмица, Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Лозово, Велес, Прилеп,  со 12.000 гласа во Битола, Ресен, Охрид, Дебарца, Вевчани, Кривогаштани, Маврово и Ростуше, Крушево, Јегуновце, и веројатно и во уште неколку, рече Заев.

Очекува победата да продолжи таму каде што не успеале уште во првиот изборен круг.

Според Заев, граѓаните покажале колку се важни локалните самоуправи. Им порача на новите градоначалници дека завршила ерата на локални шерифи и апелира на чесност, посветеност и одговорност пред граѓаните.

–  Ни дадоа голема чест, но и одговорност нашите граѓани, сега повеќе нема изговори, туку засукување на ракавите и работа. Вечерва да прославиме, а од утре одговорно и посветено со почит кон секој граѓанин без разлика дали гласал за побединичката партија или не.

Заев победи на локалните избори, Груевски претрпе комплетен дебакал

Ние сме одговорна локална и централна власт пред сите граѓани, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев