Австриецот Џеј-Џеј, кој победи на Евровизија во Базел, јавно побара на Израел да му се забрани учество на гореспоменатото музичко натпреварување, кое ќе се одржи во Виена следната година.
„Многу е разочарувачки да се види дека Израел сè уште учествува во натпреварот. Би сакал следниот Евровизиски натпревар да се одржи во Виена и без Израел“, рече тој во интервју за „Ел Паис“.
Иако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) инсистира дека Евровизискиот натпревар за песна е политички неутрален, оваа година повторно беше полн со контроверзии бидејќи на Израел му беше дозволено да учествува и покрај тоа што, според многу извештаи, врши геноцид врз палестинскиот народ.
Џеј-Џеј, исто така, го критикуваше процесот на гласање на Евровизија дека не е транспарентен и повика на реформи за зголемување на транспарентноста на гласањето.
За потсетување, белгискиот фламански јавен радиодифузен сервис VRT бара транспарентност во врска со гласањето од ЕБУ поради Израел. Покрај Белгија, истото го бараат и шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE и германскиот телевизиски канал ARD.