Побегнал од затвор и крадел пари од цркви

од Nikola Popovski
146 прегледи

По преземени мерки и активности, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола расчистија шест тешки кражби во верски објекти и една тешка кражба во обид.

Имено, по преземени мерки било утврдено дека В.И.(50) од с.Полаки, кочанско, во периодот од 04.11.2022 до 08.12.2022, со употреба на сила и подесен предмет влегувал во цркви во селата Логоварди, Долно Српци, Црнобуки, Далбеговци, Радобор и Новаци и одзел пари.

Тој делата ги извршил додека бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, каде издржува казна затвор за други сторени кривични дела „тешка кражба“ во повеќе места во државата.

Со него бил извршен службен разговор во Затвор Куманово, при што ги признал делата.

-По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Слични содржини