Побеснет фан ѝ пријде на Џеј Ло, Бен Афлек го турна (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Очекувано, Џенифер Лопез привлече големо внимание на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција, каде се појави со Бен Афлек на премиерата на неговиот најнов проект – историската драма „Последниот дуел“, во режија на Ридли Скот. Меѓутоа, откако ја напуштиле Венеција, доживеале непријатност на аеродромот.

Имено, пред аеродромот Марко Поло во Венеција, Џенифер и Бен имаа донекаде шокантна ситуација. Актерот мораше да застане помеѓу агресивен обожавател без маска кој одеднаш истрча кон Лопез, бидејќи сакаше да се фотографира со двајцата.

Целата ситуација ја забележале папараците кои биле таму, а како што може да се види на видеото кое набргу се појави на Интернет, Афлек го оттурнал мажот од неговата девојка, додека таа се повлекла зад него. Нивниот телохранител исто реагирал веднаш, фаќајќи го обожавателот за раце и оттурнувајќи го од славниот пар.

Пејачката останала мирна и не дозволила ситуацијата премногу да ја вознемири. Со насмевка на лицето, таа им се заблагодарила на персоналот на аеродромот за помошта и се упатила со Бен во свој правец.

Да потсетиме, Бенифер, како што медиумите ги нарекуваа на почетокот на врската, беше главната тема откако ја обновија романсата. Тоа се случи откако Џенифер раскина со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез. Таа го имаше своето прво официјално јавно појавување со Афлек во саботата на црвениот тепих на Венецијанскиот фестивал.

 

Слични содржини