Побрзо, пред да дојде Трамп! САД и враќа окупирана територија на Јапонија од II светска војна

од desk3

Властите на САД ќе и врати на Јапонија земја на островот Окинава, окупирана уште во Втората светска војна, пишува CNN. Во моментов теренот се користи од страна на армијата на САД за вежби на нивните поморски сили.

japan

Вкупната површина на земјата, која ќе биде вратена на Јапонија е околу 40 квадратни километри и се наоѓа на 1500 километри југозападно од Токио. Владата на САД веќе го врати поголемиот дел од островот Окинава на Јапонците уште во 1972 година. Висок функционер на одбрана на САД откри дека официјалното предавање ќе се одржи на 21 и 22 декември на настан на кој ќе присуствуваат амбасадорот на САД во Јапонија Каролин Кенеди, како и командантот на силите на САД во земјата, генерал-полковник Џери Мартинез.
Админситрацијата на САД ќе направи се што е можно во преостанатото време до крајот на мандатот на Барак Обама да ја зајакне воената и економската врска меѓу САД и Јапонија. Постојат стравувања дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп може да не гледа на Јапонија како на сигурен сојузник на САД.

Слични содржини