Почетино блиску до преселба во Рома

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Аргентинскиот тренер, Маурисио Покетино е близу до преземање на Рома, јавуваат италијанските медиуми.

Тој е без работа од ноември минатата година, кога го напушти Тотенхем.

Помина пет години на клупата на „петлите“.

Тој претходно ги тренираше Еспањол и Саутемптон.

Сега Италијанците известуваат дека е близу до преземање на Рома, која неодамна доби нов сопственик.

Почетино изјави дека би сакал да ја продолжи кариерата во Италија, бидејќи тоа би бил нов предизвик за него.