Менаџерот на Челси, Маурисио Почетино, увери дека ја има поддршката од сопствениците на клубот и покрај тешките порази од Ливерпул и Вулверхемптон. Аргентинецот рече дека добил „многу добра порака“ од сопствениците по натпреварот во недела.
„Начинот на кој игравме и загубивме од Вулверхемптон не е начинот на кој сакаме да настапиме. Сепак, мислам дека не треба да го свртиме фокусот од двата порази. Секако дека сме разочарани, но знаеме дека овие работи можат да се случат во фудбалот. Во Челси сега правиме поинакви работи отколку што правевме во минатото. Сега најтешко е да се биде упорен“.
„Дали сè уште ја имам довербата на сопствениците? Ништо не кажува поинаку. Добив многу добра порака од нив по поразот на Вулверхемптон. Мислам дека сите сме заедно во тоа што е важно. Секако дека секојдневно сум во контакт со нив и со спортскиот директор“.
„Треба да создадеме добар однос со навивачите. Мора да разберат дека кога ќе дојдат на „Стемфорд Бриџ“, ќе гледаат поинаков Челси. Тоа е различен проект, се е поинаку. Навивачите треба да видат дека навистина се грижиме за клубот. Ве уверувам вас и навивачите дека играчите сакаат да играат добро и да победуваат. Тие страдаат кога не играат добро“.
„Денеска им кажав на играчите дека им верувам повеќе од кога било. И јас ќе бидам поддршка повеќе од кога било. Јас не сум само шеф, јас сум лидер“.
„Точно е дека одигравме добро на првиот натпревар против Астон Вила, но тие имаа дополнителен ден за подготовка. Овојпат околностите во кои пристигнуваме се сосема поинакви, но фудбалот е таков. Не можеме да го промениме минатото, можеме само да влијаеме на иднината“, рече Почетино на денешната прес-конференција.