Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино доживеа непријатност на натпреварот против Лион, кога го замени Лионел Меси.
Меси беше револтиран од промената против Лион во 75. минута при 1: 1, откако мораше да му отстапи место на Хакими.
Почетино по тој повод сакаше да му каже нешто, тој исто така ја подаде раката, но Аргентинецот луто замина на клупата.
Икарди ја донесе победата во 92. минута, но се остана во сенка на потегот што се виде.
„Сите знаат дека имаме одлични играчи, тим од 35 луѓе. Тоа е моја одлука. Можеме да имаме само 11 играчи на теренот истовремено. Мислам само за најдобрата одлука на секој натпревар, за секој играч, исто како и секој тренер. Тука сме да донесуваме одлуки. Понекогаш луѓето ќе бидат среќни со нив, понекогаш не“.
Исто така, од Покетино беше побарано да објасни од што Меси не е задоволен и зошто одби да се ракува.
„Го прашав како е и ми рече дека е добро“, беше се што можеше да каже.
Меси се уште го чека својот деби гол во дресот на тимот од Париз.
Messi didn’t shake hands with Pochettino pic.twitter.com/od8JkMfH0X
— Drizzy (@messiprimes) September 19, 2021