Почетино: Се надевам дека Мбапе ќе остане уште многу години

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Иако Пари Сен Жермен го очекува дуел со Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите, главна тема во Франција деновиве е судбината на Килијан Мбапе во клубот. Напаѓачот упорно одбива да ја продолжи соработката, но Маурисио Почетино се надева дека сепак ќе остане на Паркот на принцовите уште многу години.

Договорот на францускиот репрезентативец, кој пристигна во клубот летото 2017 година за 180.000.000 евра, истекува во летото 2022 година. Во клубот се плашат дека ако не ја продолжи соработката наскоро, може да ги напушти како слободен играч за една и пол година, па се шпекулира дека би можеле да го продадат по завршувањето на сезоната. Реал Мадрид се надева на ваков исход. Почетино сепак се надева дека тоа нема да се случи.

„Се надевам дека ќе остане уште многу години. Не го велам тоа себично, туку за доброто на клубот и Париз. Тој може да ни помогне да направиме големи работи“, изјави Аргентинецот, признавајќи дека сè е во рацете на Мбапе.

Слични содржини