Почетино: Сити го води најдобриот тренер во светот

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Почетино очекува тешки дуели со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

ПСЖ и Сити ќе го одиграат првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите во среда од 21 часот во Париз.

Реал и Челси ќе играат во првото полуфинале вечерва во исто време во Мадрид.

„Ние сме мирни. Знаеме дека ќе мора многу да се бориме за да победиме фантастичен тим како Манчестер Сити. Ќе биде тешко и ќе мора да играме најдобро што можеме”, рече Почетино на прес-конференцијата.

Аргентинецот зборуваше и за тренерот на „граѓаните“ – Пеп Гвардиола.

„Мислам дека Сити е еден од најголемите тимови во светот со, за мене, најдобриот тренер. Дали ќе биде потешко отколку против Баерн? Не знаеме“, изјави тренерот.

Фудбалерот на францускиот клуб Нејмар изјави дека неговиот тим е на вистинскиот пат.

„На добар пат сме. Атмосферата е фантастична и ќе продолжиме да работиме на освојување на трофејот во Лигата на шампионите“, изјави Нејмар.

На прашањето за новиот договор, Бразилецот уште еднаш истакна дека е среќен во ПСЖ.

Слични содржини