Почетино: Во следните денови ќе процениме дали Нејмар ќе биде подготвен за Барса

од Vladimir Zorba

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино изјави дека фудбалерот на „светците“ Нејмар се опоравува од повредата, и дека наскоро би можел да истрча на теренот.

На прашањето дали Бразилецот ќе биде подготвен за реваншот од осминафиналето против Барселона, кој е на програмата на 10 март, Почетино одговори: „Опоравувањето на Нејмар оди во вистинската насока. Ќе процениме во наредните денови дали ќе биде подготвен“.

Нејмар се повреди на 10 февруари на мечот од Купот против Каен, па го пропушти првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите и не учествуваше во триумфот на ПСЖ над Барселона (1: 4) на „Ноу Камп“.

Напаѓачот оваа сезона одигра 18 натпревари на кои 13 пати ја затресе мрежата, со шест асистенции.

Слични содржини